ТРАМП БАРА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА СЕ ПРЕИМЕНУВА ВО СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    ТРАМП БАРА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА СЕ ПРЕИМЕНУВА ВО СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈАТрамп смета дека терминот ВИ прави оваа технологија да звучи лажно (Фото: ДПА)

    Терминот суперинтелигенција или СИ треба да се усвои на местото на вештачка интелигенција (ВИ), изјави Доналд Трамп за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

    „Од овој момент, па натаму, сите документи на Соединетите Американски Држави, а се надеваме и во светот, ќе бидат променети за да се користи многу поточниот термин ‘супер‘, наместо вештачка. Па, тоа е суперинтелигенција“, рече Трамп.

    Тој смета дека терминот ВИ прави оваа технологија да звучи лажно.

    „Не е лажна. Всушност е неверојатна.“

    Во исто време, тој ја потврди својата посветеност кон забрзувањето на развојот на ВИ во САД, и покрај растечките предупредувања за егзистенцијалните ризици на технологијата.

    „Нема да го задушувам растот на нешто што ќе биде поголемо од Индустриската револуција. САД во моментов водат пред Кина и остатокот од светот во развојот на оваа технологија и ќе продолжат да го прават тоа безбедно и одговорно“, рече Трамп.

    Неодамна, по самостојните хакерски напади изведени од модели на вештачка интелигенција, дури и водечките компании „Антропик“ и „ОпенАИ“ повикаа на забавување на нејзиниот развој, укажувајќи дека таа би можела да излезе од човечка контрола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира