Заврши реконструкцијата на зградата во која е сместен Инспекторатот за животна средина, поранешна Комерцијална банка, која се запали во 2020 година кога таму беа сместени каде што беа сместени Инспекторатот за животна средина, Мининстерството за европски прашања и државната информативна агенција МИА. Во пожарот гореа просториите на Инспекторатот за животна средина.
По шест години објектот е завршен, тргнати се тарабите со кои се блокираше пешачката патека и пристапот до околните објекти.
За реконструкцијата на објектот на Инспекторатот за животна средина, потпишани се 51 анекс-договор. Од првично предвидените 6,6 милиони евра со основниот договор, со новите анекси предвидени се уште 2,1 милион евра.
Градежните работи ги изведуваше фирмата „Бауер БГ“.
А. АНТЕВСКА



