ПРИВЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ОД ТЕТОВО КОЈ ГО ЗАПАЛИЛ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И ГО ОБЈАВИЛ ТОА НА ТИКТОК

    ПРИВЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ОД ТЕТОВО КОЈ ГО ЗАПАЛИЛ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И ГО ОБЈАВИЛ ТОА НА ТИКТОКПо објавената снимка, тетовската полиција успеала да го идентификува сторителот (Фото: МВР)

    Четиринаесетгодишник објави снимка на ТикТок на која се гледа како го пали македонското знаме. По објавената снимка, тетовската полиција успеала да го идентификува сторителот и го привела, а тој посочил уште тројца малолетници кои учествувле во настанот.

    „Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделението за компјутерски криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, целосно го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа ТикТок, на кое се гледа палење на македонското знаме. На 22.09.2026, при мониторинг на социјалните мрежи, полициски службеници детектирале видеообјава со содржина со која е сторено кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа. По преземените оперативни мерки и активности, на 23.09.2026 е утврден идентитетот на авторот на профилот. Станува збор за малолетно лице, под 14-годишна возраст од Тетово. Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон, од кој било поставено видеото. Во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

    Од тетовската полиција соопштуваат и дека по целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе поднесат соодветен поднесок.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира