МИЦКОСКИ ЗБОРУВА БУДАЛАШТИНИ, МОЖЕ ЛИ ЧОВЕКОТ ДА Е ТАКОВ ИДИОТ КОМПЛЕТЕН, КАЖА ФИЛИПЧЕ ЗА СПОРЕДБАТА СО ИСЛАНД

    МИЦКОСКИ ЗБОРУВА БУДАЛАШТИНИ, МОЖЕ ЛИ ЧОВЕКОТ ДА Е ТАКОВ ИДИОТ КОМПЛЕТЕН, КАЖА ФИЛИПЧЕ ЗА СПОРЕДБАТА СО ИСЛАНДФилипче го повика Мицкоски добро да размисли, ако треба и да не спие вечерва, за тоа што ќе ѝ соопшти на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. (Фото: СДСМ)

    Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, зборувајќи за премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, праша дали е можно човекот да биде толку комплетен идиот и целосно да ја изолира државата од Европската Унија. Филипче обвини дека по три децении Македонија се наоѓа во ќорсокак за својата европска иднина токму заради личната желба на премиерот.

    Лидерот на СДСМ ги нарече будалаштини споредбите со Исланд, велејќи дека таа држава е дел од заедничкиот европски пазар, и запраша дали премиерот смета дека граѓаните се наивни.

    „Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќорсокак за Европа. По желба лична на Христијан Мицкоски. Дали сте свесни дека има јасен чист пат за четири земји и нас таму нè нема. До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји и членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. При тоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договори. Па сега зборува некои будалаштини, Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?“, рече Филипче.

    Тој го повика Мицкоски добро да размисли, ако треба и да не спие вечерва, за тоа што ќе ѝ соопшти на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која утре доаѓа во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира