„За една година бројот на запишани бруцоши на Универзитетот ‘Свети Климент Охридски’ (УКЛО) во Битола е зголемен за 10 отсто, а во последните три години можно е да се искачи дури на 25 отсто“, соопшти на првиот академски час ректорот професор д-р Игор Неделковски.
„Го споделувам задоволството дека веќе 3 година со ред имаме зголемен број студенти во прв циклус доДипломски студии, во услови кога константно се намалува бројот на матурати. Годинава имавме првпат во Македонија помалку од 15.000 матуранти, а ние успеавме да го зголемиме бројот на бруцоши за околу 10 проценти, можеби ќе биде и поголем. Поради големиот интерес имаме и четврт вонреден уписен рок“, рече Неделковски.
Запишани се близу 1.300 студенти, а точни податоци УКЛО ќе обрави по четвртиот уписен рок.
„На Правниот факултет годинава има најголем раст на бруцоши, а и натаму најголем број студенти запишува Факултетот за безбедност во Скопје, кој е дел од УКЛО и е единствен од таков вид во цела држава. Голем е интересот и за Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Диминира интересот за општествените науки, а оваа година има и сериоозен пораст на Техничкиот факултет кај инженерските струки“, рече Неделковски.
„Свети Климент Охридски“ е вториот државен универзитет во Македонија со традиција од 47 години и опфаќа 12 високообразовани единици.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



