ДВЕТЕ СЕРИИ НА БСЖ ВАКЦИНАТА КАЈ НАС СЕ ИСКОРИСТЕНИ ДО ЛЕТОВО, НЕМА НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ, КАЖА КЛЕКОВСКИ ОТКАКО ХРВАТСКА ЈА СУСПЕНДИРАШЕ

    ДВЕТЕ СЕРИИ НА БСЖ ВАКЦИНАТА КАЈ НАС СЕ ИСКОРИСТЕНИ ДО ЛЕТОВО, НЕМА НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ, КАЖА КЛЕКОВСКИ ОТКАКО ХРВАТСКА ЈА СУСПЕНДИРАШЕВакцинирањето со БСЖ вакцината ќе продолжи. (Фото: СДК.МК)

    Двете серии на вакцината БСЖ кои предизвикаа сомнеж за неисправност во Хрватска во нашата земја се искористени до летово, без несакани дејства. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека станува збор за серии бр. 6831 од 22.12.2022 година и серија број 807-1 од 11.12.2023 година. И двете серии се целосно искористени до летото оваа година.

    „Во нашата држава нема документирани несакани ефекти поврзани со примена на овие серии. Министерството, заедно со надлежните институции, спроведува дополнителни анализи, а јавноста ќе биде навремено информирана за нивните резултати. Министерството за здравство ќе обезбеди непрекинато продолжување на вакцинацијата со БСЖ вакцина, во соработка со УНИЦЕФ. Ги повикуваме родителите да продолжат со редовна вакцинација на децата според календарот за имунизација. Вакцинацијата останува најсигурната заштита за здравјето на децата“, рече Клековски на денешната прес-конференција.

    Станува збор за вакцината произведена од бугарската компанија „Бул Био НЦИПД“ од Софија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира