СТАТУА НА ГОЛ ТРАМП ПОСТАВЕНА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ФИЦО ПОБАРА ДА СЕ ОТСТРАНИ

    СТАТУА НА ГОЛ ТРАМП ПОСТАВЕНА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ФИЦО ПОБАРА ДА СЕ ОТСТРАНИСкулптурата насловена „Портокалова чума“ е дело ма данскиот уметник Јенс Галсхиот (Фото: АП)

    Словачкиот премиер Роберт Фицо побара да се отстрани сатиричната статуа на американскиот претседател Доналд Трамп од Европскиот парламент, опишувајќи ја како „знак за пропаста на целата Европска Унија“.

    „Иако не се согласувам со сите политики на Трамп, навредувањето на нашите партнери во официјални простории покажува длабоко неразбирање на времето во кое живееме. Жално е што раководството на Европскиот парламент во своето слепило повеќе не може да направи разлика помеѓу легитимното право на поинакво мислење и постапките на духовно банкротирани поединци, авантуристи и лудаци“, изјави Фицо.

    Скулптурата насловена „Портокалова чума“ беше откриена во вторникот од данскиот уметник Јенс Галсхиот. Делото високо 2,6 метри прикажува гол Трамп како седи на рамената на еден слаб маж, држејќи палка за голф и вага на правдата. На плочата пишува: „Седам на грбот на еден човек. Тој тоне под мојот товар“.

    Статуата стои на видно место на влезот во зградата на парламентот. Галсхиот рече дека делото има за цел да соочи со политиките на Трамп и да започне дебата за тоа како американскиот претседател ја „уништува единствената шанса на светот да се спротивстави на климатската катастрофа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира