ПЕТМИНА УАПСЕНИ ЗА КРАЖБАТА НА СЛИКИ ОД РЕНОАР ОД МУЗЕЈ ВО ФРАНЦИЈА ВРЕДНИ 9 МИЛИОНИ ЕВРА

    ПЕТМИНА УАПСЕНИ ЗА КРАЖБАТА НА СЛИКИ ОД РЕНОАР ОД МУЗЕЈ ВО ФРАНЦИЈА ВРЕДНИ 9 МИЛИОНИ ЕВРАКражбата се случила во раните утрински часови на 8 септември, кога група крадци, провалиле во Музејот преку неговите градини. (Фото: Нис-матин)

    Најмалку пет лица се уапсени во Франција во врска со кражбата на четири уметнички дела од Музејот „Реноар“ на 8 септември. Се верува дека меѓу уапсените се и двајцата осомничени за грабежот. Францускиот весник „Нис-матен“ објави дека осомничените би можеле да бидат поврзани со организирана криминална група.

    Кражбата се случила во раните утрински часови на 8 септември, кога група крадци, опишани како „добро опремени“ и „добро информирани“, провалиле во Музејот преку неговите градини, изјави градоначалникот Брајан Масон.

    „Тие пресекле ограда и влегле во музејот преку приземјето, кршејќи еден прозорец. Потоа, со електрична пила ги пресекле штипките што ги прицврстувале рамките на уметничките дела“, изјави Масон.

    Според Масон, двајцата осомничени биле „забележани благодарение на камерите за видеонадзор во градот“. Во првичните извештаи се проценуваше дека вредноста на украдените уметнички дела достигнува до девет милиони евра.

    Во писмената изјава која ја објави агенцијата АП се наведува дека две од украдените дела биле пронајдени оставени во градината на музејот, додека крадците бегале од полицијата, која била алармирана од безбедносниот аларм. Но, другите две дела сè уште се водат како исчезнати.

    Музејот „Реноар“, кој се наоѓа меѓу Кан и Ница, е најпознатата туристичка атракција на овој медитерански крајбрежен град. Отворен во 1960, Музејот се наоѓа во последниот дом на сликарот Пјер-Огист Реноар, каде што тој живеел пред да почине во 1919, на 78-годишна возраст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира