ЗА НЕПОЛН МЕСЕЦ СВР ВЕЛЕС РЕГИСТРИРАЛ 1.500 ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“, ОД ДЕНЕСКА СТАРТУВА И ВО ОХРИД, СТРУГА, КИЧЕВО И ДЕБАР

    ЗА НЕПОЛН МЕСЕЦ СВР ВЕЛЕС РЕГИСТРИРАЛ 1.500 ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“, ОД ДЕНЕСКА СТАРТУВА И ВО ОХРИД, СТРУГА, КИЧЕВО И ДЕБАРНајголем дел од казните се за брзо возење, за што се регистрирани 1.214 прекршоци (Фото: СДК.МК)

    Од денеска, камерите на „Безбеден град“ ќе снимаат сообраќајни прекршоци и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Пред нецел месец, „Безбеден град“ почна да функционира и на подрачјето на  СВР Велес.

    „Од воведувањето на ‘Безбеден град‘ на подрачјето на СВР Велес на 12 септември, до 5 октомври евидентирани се 1.518 прекршоци“, велат од СВР Велес.

    Овие бројки покажуваат дека за 24 дена има во просек 63 прекршоци на ден. Овој податок е за градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија и за дел од автопатот од Велес до Демир Капија.

    Најголем дел од казните се за брзо возење, за што се регистрирани 1.214 прекршоци, по што следуваат за минување на црвено светло – 290 прекршоци и за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола – 14 прекршоци.

    На промоцијата на почетокот на работата на системот „Безбеден град“ во Повардарието, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека системот е за спасување човечки животи, а не за полнење на буџетот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира