ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА УШТЕ 70 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОМОШ ОД ЕУ ЗА 2027

    ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА УШТЕ 70 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОМОШ ОД ЕУ ЗА 2027Војната следната година ќе чини 155 милијарди евра, а од вас ни се потребни најмалку уште 70 милијарди евра за одбрана, за оружје и за нашата отпорност, им рече Зеленски на лидерите на ЕУ на самитот во Брисел. (Фото: ДПА)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од лидерите на Европската унија дополнителна поддршка за наредните години.

    „Војната следната година ќе чини 155 милијарди евра, а од вас ни се потребни најмалку уште 70 милијарди евра за одбрана, за оружје и за нашата отпорност“, им рече Зеленски на лидерите на ЕУ на самитот во Брисел. Тој нагласи дека станува збор за „реалистична сума“ и додаде: „Ве молам да ја обезбедите оваа поддршка“.

    Украинскиот министер за финансии, Серхиј Марченко, минатиот месец изјави дека на земјата ѝ недостасуваат 32,6 милијарди долари економска поддршка и 45 милијарди долари поддршка за одбраната.

    Минатата година, ЕУ воспостави пакет заем за поддршка на Киев во вкупна вредност од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година, а истовремено ги повикува меѓународните сојузници на Украина да го зголемат своето финансирање.

    Вчера, во пресрет на разговорите со своите колеги од ЕУ, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа ќе мора да ја зголеми финансиската поддршка за Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира