ТРАМП И ВЕНС ГИ ОБВИНИЈА ИМИГРАНТИТЕ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО ФРАНЦИЈА

    ТРАМП И ВЕНС ГИ ОБВИНИЈА ИМИГРАНТИТЕ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО ФРАНЦИЈАТрамп е познат по своите рестриктивни политики кон имиграцијата и по агресивните мерки за депортација. (Фото: ДПА)

    Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска заедно со својот потпретседател Џеј Ди Венс ја посочи имиграцијата како причина за немирите во Франција.

    „Франција гори!“ – напиша претседателот на својата платформа Трут соуашал, повикувајќи ја земјата да ги затвори своите граници „пред да биде предоцна“.

    „Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во срцата, ја уништи таа некогаш голема земја“, додаде тој.

    Неколку часа претходно, Венс исто така ја посочи имиграцијата како причина за немирите.

    Вчера, повеќе од половина милион луѓе излегоа на протести низ цела Франција, изразувајќи незадоволство поради високите трошоци за живот. Во многу градови дојде до грабежи, подметнувања пожари и оштетување на имот, при што маскирани учесници во немирите нападнаа градски собранија при што изгоре општинската зграда во Лиеж стара 140 години, полициски станици и други државни објекти. Околу 2.000 луѓе се уапсени во протестите.

    Вчера, преку објава на платформата „X“, Венс сподели видео на кое се гледа како гори градското собрание во Лимож.

    „Западните либерали, во име на различноста и сочувството, го внесоа ’третиот свет‘ во Франција и во други земји. Тие ги занемарија суштинските прашања за асимилацијата и компатибилноста“, напиша тој. „Беа предупредени дека ова ќе се случи, но не послушаа. Се молам Франција – прекрасна земја со извонредни луѓе – да стави крај на ова лудило, пред да изгорат уште нејзини значајни обележја“, напиша Венс. „И се надевам дека Американците внимаваат. Ова е иднината што демократите во Конгресот ја посакуваат за вашата земја.“

    Среднорочните избори во САД се закажани за 3 ноември, на нив ќе се одлучува за сите места во Претставничкиот дом, како и за приближно една третина од местата во Сенатот.

    Трамп е познат по своите рестриктивни политики кон имиграцијата и по агресивните мерки за депортација. Тој во повеќе наврати ги обвини демократите дека ѝ нанеле штета на САД преку својата либерална имиграциска политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира