НАМЕСТО СО АЛКОХОЛ И НОЌНИ ЗАБАВИ, АМЕРИКАНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ДРУЖАТ СО ВЕЖБАЊЕ, САУНИ И ЛЕДЕНИ БАЊИ

    НАМЕСТО СО АЛКОХОЛ И НОЌНИ ЗАБАВИ, АМЕРИКАНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ДРУЖАТ СО ВЕЖБАЊЕ, САУНИ И ЛЕДЕНИ БАЊИНаместо традиционалните студентски забави што траат до раните утрински часови, тие се собираат преку ден, вежбаат со тегови, учествуваат во групни тренинзи и се разладуваат во базени со студена вода (Фото: П. Пулс)

    Забавите со алкохол и гласна музика добиваат поинаква форма меѓу младите во САД. Сѐ повеќе студенти од генерацијата З избираат дневни забави на кои, наместо да пијат алкохол, вежбаат, се релаксираат во сауни, користат ледени бањи и се дружат со музика. Овој нов тренд, кој го нарекуваат „забави за здравје и благосостојба“, станува сѐ попопуларен на американските универзитети.

    На ваквите собири младите комбинираат физичка активност, забава и дружење. Наместо традиционалните студентски забави што траат до раните утрински часови, тие се собираат преку ден, вежбаат со тегови, учествуваат во групни тренинзи и се разладуваат во базени со студена вода.

    По вежбите, младите се разладуваат во базени со студена вода (Фото: Инстаграм принтскрин)

    На забавите често музика пуштаат диџеи, а наместо алкохол се служат безалкохолни пијалаци. Целта е студентите да се забавуваат и да запознаваат нови луѓе, но истовремено да се грижат за своето физичко и ментално здравје.

    Овој начин на дружење е дел од пошироката промена во навиките на генерацијата З, која покажува интерес за фитнес, здрав начин на живот и активности што не се поврзани со алкохол.

    За разлика од класичните ноќни излегувања, овие забави им овозможуваат на младите да поминат време со пријателите и да бидат физички активни, без следниот ден да се соочуваат со последиците од прекумерното пиење.

    Овој начин на дружење е дел од пошироката промена во навиките на генерацијата З, која покажува интерес за фитнес, здрав начин на живот и активности што не се поврзани со алкохол (Фото: Инстаграм принтскрин)

    „Генерацијата З сака место каде што можеме да се забавуваме, но истовремено да бидеме здрави и да носиме добри одлуки. Луѓето нѐ гледаат како помека генерација, но мислам дека едноставно повеќе се грижиме за сопствениот развој и за нашето ментално и физичко здравје. И во тоа нема ништо лошо“, вели 24-годишниот Мартин Мокс, основач на организацијата „Свет енд Соак“. Тој ја основал организацијата во 2024, откако мајка му почнила од рак.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира