НАЈДЕН МРТОВ 62-ГОДИШЕН МАЖ ВО НАСЕЛБАТА ХРОМ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, НО НЕ ОД ПРИРОДНА СМРТ, ТУКУ СО ТРАГИ ОД НАСИЛСТВО

    НАЈДЕН МРТОВ 62-ГОДИШЕН МАЖ ВО НАСЕЛБАТА ХРОМ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, НО НЕ ОД ПРИРОДНА СМРТ, ТУКУ СО ТРАГИ ОД НАСИЛСТВОТелото на обдукција, полицијата го бара сторителот. (Фото:СДК.МК)

    Во домот во населбата Хром во Ѓорче Петров, вчера полицијата го нашла починат С.Ј. (62). Настанот бил по пријава од граѓанин, во 18:40 часот во СВР Скопје.

    Најверојатно се работи за убиство, затоа што од МВР велат дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство.

    „Извршен бил увид и по наредба на наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

    По сторителите се трага.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира