РАПЕРКАТА НИКИ МИНАЖ ИМ ДАДЕ ПОДДРШКА НА РЕПУБЛИКАНЦИТЕ НА МИТИНГ ВО МИЧИГЕН, ТРАМП Ѝ ГО ПОФАЛИ ЗАДНИКОТ

    РАПЕРКАТА НИКИ МИНАЖ ИМ ДАДЕ ПОДДРШКА НА РЕПУБЛИКАНЦИТЕ НА МИТИНГ ВО МИЧИГЕН, ТРАМП Ѝ ГО ПОФАЛИ ЗАДНИКОТМинаж се прогласи себеси за најголемиот фан на Трамп (Фото: АП)

    Раперката Ники Минаж изненадувачки се појави на митингот на Републиканската партија во Мичиген за да ѝ даде поддршка пред меѓуизборите во САД, при што доби комплименти за изгледот од Доналд Трамп.

    Тој постојано се шегува со физичкиот изглед на сенаторот од Охајо, Џон Хастед, во оваа кампања, но со Минаж отиде чекор подалеку.

    „Го погледнав задникот на Хастед, што никогаш порано не сум го направил кај маж. Неофицијално: жени да, мажи не. Патем, пред малку видов еден неверојатно убав задник – на Ники Минаж“, рече Трамп, барајќи од раперката да стане.

    „Тоа е тешко да се пропушти. Се надевам дека Ники не се навреди, ние ја сакаме Ники. Таа е со нас веќе долго време“, додаде Трамп.

    Минаж претходно се прогласи себеси за најголемиот фан на Трамп, фалејќи ги промените што ги направил во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира