МАЈКА ДОНИРАШЕ БУБРЕГ ЗА ДЕТЕТО СО АЛПОРТОВ СИНДРОМ, ПРВА ВАКВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА

    МАЈКА ДОНИРАШЕ БУБРЕГ ЗА ДЕТЕТО СО АЛПОРТОВ СИНДРОМ, ПРВА ВАКВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО ЗЕМЈАВАМинистерот Клековски и националната координаторка д-р Кузмановска со тимот од Клиниката за урологија. (Фото: Министерство за здравство)

    Мајка на дете со Алпортов синдром донираше бубрег за детето и со тоа во Македонија за првпат е извршена ваков вид трансплантација, соопшти Министерството за здравство. Алпортов синдром е ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост.

    По спроведените потребни медицински испитувања, била утврдена компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител.

    „Нејзината одлука му дава на детето нова шанса за живот и претставува значаен медицински успех во третманот на пациентите со ретки заболувања. Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, вели министерот за здравство, Сашо Клековски.

    На Клиниката за урологија неодамна кај двајца пациенти беше трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот беше извршена трансплантација од жив дарител.

    Со овие три трансплантации, вкупниот број трансплантации на бубрег на Клиниката за урологија е 15, а во 2025 имаше 11 трансплантации.

    „Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национална координаторка за трансплантација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира