УАПСЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР

    УАПСЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОРУапсените се сомничат за двете кривични дела Разбојништво со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик. (Фото: СДК.МК)

    Четири лица од 20 до 50 години се уапсени за двете убиства во скопската Општина Ѓорче Петров, за кои Обвинителството бара притвор. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера се уапсени А. С. (22), Х. Е. (20), К. А. (58) сите од Скопје и М. Р. (26) од Струмица.

    „Тие се сомничат за двете кривични дела Разбојништво со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик, извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026“, велат од МВР.

    Од Обвинителството рекоа дека во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена кривична постапка.

    На 27 октомври во нејзината куќа беше убиена е 76-годишна жена во Ѓорче Петров, а на 22 октомври во својот дом во населбата Хром беше пронајден мртов 62-годишен маж.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира