Убиена е 76-годишна жена во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е второ убиство за пет дена во оваа општина. На 22 октомври во својот дом во населбата Хром беше пронајден мртов 62-годишен маж.
„Денеска во 9.18 часот во СВР Скопје М. А. пријавила дека во куќа на улица Ѓурчин Кокале во Скопје ја пронашла нејзината мајка О. А. (76), без знаци на живот. Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство. Телото е предадено на обдукција, а известен е и Јавен обвинител“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР додаваат дека СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот.
На прашање дали двете убиства двете лица на територијата на Општина Ѓорче Петров се поврзани, од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје рекоа дека „за да се утврди евентуална поврзаност, мора да се открие кој е сторител”.



