Девет луѓе загинаа откако мал деловен авион се урна во Флорида, само 14 километри од резиденцијата на Доналд Трамп во Мар-а-Лаго.
Снимките направени по падот прикажуваат кратер среде станбена улица, како и парчиња бетон и остатоци од авионот „лирџет 60“ расфрлани наоколу.
Авионот полетал од Остин, Тексас и бил на пат кон Бахами, соопшти Федералната управа за авијација на САД. Во несреќата нема преживеани меѓу патниците во авионот.
Извештаи на американските медиуми и анализи на летот укажуваат на тоа дека авионот паѓал со брзина од десетици метри во секунда пред да се урне. Според „Си-Би-Ес њуз“, на аудиоснимката од комуникацијата со контролата на летање, направена непосредно пред несреќата, се слуша како пилотот вели дека авионот многу брзо губи висина, по што прогласува вонредна состојба.
Сè уште не е јасно кој се наоѓал во авионот.
Трамп бил во Мар-а-Лаго вчера и полетал од блискиот аеродром со претседателскиот авион околу еден час пред несреќата.



