ЕУ ГИ ЗАПОЧНА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ БЕСПЛАТЕН РОАМИНГ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

    ЕУ ГИ ЗАПОЧНА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ БЕСПЛАТЕН РОАМИНГ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАНОткако ќе бидат финализирани договорите, ЕК ќе побара од Европскиот Совет соодветно да ја прошири зоната за роаминг на ЕУ

    Европската комисија започна преговори за интегрирање на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во режимот „Роаминг како дома“ на ЕУ, што беше најавено од претседателката Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Западен Балкан минатиот месец.

    Според соопштението на ЕК, ова ќе им овозможи на луѓето кои патуваат меѓу ЕУ и Западен Балкан да остваруваат повици, да испраќаат СМС-пораки и да користат интернет без да се наплаќаат дополнителни трошоци за роаминг.

    Билатералните преговори со овие земји веќе се започнати. Откако ќе бидат финализирани договорите и партнерите целосно ќе ги исполнат прописите за роаминг на ЕУ, Комисијата ќе побара од Европскиот Совет соодветно да ја прошири зоната за роаминг на ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира