ТРАМП ЈА ДОВЕДЕ ВО ПРАШАЊЕ ЛЕГИТИМНОСТА НА МЕЃУИЗБОРИТЕ ВО САД, СПОМНУВА МАШИНИ И ГЛАСАЧКИ ДЕПОНИИ

    ТРАМП ЈА ДОВЕДЕ ВО ПРАШАЊЕ ЛЕГИТИМНОСТА НА МЕЃУИЗБОРИТЕ ВО САД, СПОМНУВА МАШИНИ И ГЛАСАЧКИ ДЕПОНИИТрамп и претходно фрлаше сомнеж врз интегритетот на изборите што ги загуби (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја доведе во прашање легитимноста на резултатите од меѓуизборите во САД, на кои републиканците претрпеа убедливи порази. Тој првично кажа дека ќе го прифати исходот.

    „Дали некој навистина верува дека овие ‘избори‘ беа чесни? Како можеа анкетите да бидат толку погрешни?“, напиша Трамп на Трут соушл..

    Демократите ја презедоа контролата во двата дома на Конгресот на изборите минатата недела. Државните и локалните власти низ САД изјавија дека гласањето било претежно без проблеми.

    Во објавата на Трут соушл, Трамп изнесе нејасни тврдења за анкети, гласачки ‘депонии‘ и ‘машини‘, без да прецизира на што се однесува ова и дали верува дека имало грешка или нерегуларност.

    „Некои ‘депонии‘ за рано гласање беа толку големи што беше невозможно да се победи, без разлика колку луѓе излегоа да гласаат. Сè е околу машините, кои се многу поважни од гласачот“, порача тој.

    Трамп и претходно фрлаше сомнеж врз интегритетот на изборите што ги загуби, иако самиот не беше на гласачкото ливче на овие меѓуизбори.

    „Лесно ќе победевме ако бев на гласачкото ливче“, изјави Трамп откако беше потврдено дека неговата партија ги изгубила и Сенатот и Претставничкиот дом.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира