Најмалку 11 луѓе загинаа, а 48 се повредени во две тешки несреќи на двете страни од автопатот „Тракија“ во Бугарија, објави премиерот Румен Радев. Тој додаде дека два воени авиона „спартан“ се подготвени да се вклучат во евакуацијата на повредените.
Верижните судири во кои учествувале десетици автомобили се случија во близина на Јамбол.
„Ситуацијата е многу сериозна“, изјави регионалниот гувернер на Јамбол, Георги Чалаков, додавајќи дека има многу жртви.
Според првичните податоци, бројот на возила вклучени во судирите е околу 50, објави новинската агенција БТА. Прво била пријавена несреќа во лентата кон Бургас, а потоа пред клучката Зимница кон Софија.
Во моментот на несреќата, во областа имало густа магла.



