ТАЊА КОЧОВСКА И ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ НАГРАДЕНИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ГЛУМЕЦОТ ВО НИКШИЌ ЗА ПРЕТСТАВАТА „СТРАВ И НАДЕЖ“

    ТАЊА КОЧОВСКА И ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ НАГРАДЕНИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ГЛУМЕЦОТ ВО НИКШИЌ ЗА ПРЕТСТАВАТА „СТРАВ И НАДЕЖ“„Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнер“, стои во одлуката на жирито. (Фото: МНТ)

    Првенците на Македонскиот народен театар (МНТ), Тања Кочовска и Тони Михајловски, добија награди на 22. Меѓународен фестивал на глумецот во Никшиќ, Црна Гора, за улогите во претставата „Страв и надеж“ во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат. Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога.

    „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна“, стои во одлуката на жирито, во состав Миодраг Кривокапиќ, Даница Максимовиќ и Стеван Вуковиќ.

    Наградите за најдобра женска и машка улога на фестивалот во Никшиќ ги добија Даниела Нела Михаиловиќ за „Госпоѓа Олга“ на Боеградско драмско позориште и Озрен Грабариќ од Хрватска за улогата на Салвадор Дали во претставата „Contra mundum“ во продукција на Центарот за култура Тиват.

    Претставата „Страв и надеж“, работена според текстот на германскиот драмски автор Франц Ксавер-Крец, во јуни победи на 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира