ОСУМ ИЛУСТРИРАНИ КНИГИ ЗА ДЕЦА НА ВЛАШКИ ЈАЗИК ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ НА 13 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ И ЌЕ СЕ ДЕЛАТ БЕСПЛАТНО

    ОСУМ ИЛУСТРИРАНИ КНИГИ ЗА ДЕЦА НА ВЛАШКИ ЈАЗИК ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ НА 13 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ И ЌЕ СЕ ДЕЛАТ БЕСПЛАТНОЦелта на проектот е зачувување и промоција на влашкиот јазик преку нов, креативен пристап во учењето

    Осум илустрирани книги за деца на влашки јазик, заедно со аудиосодржини, ќе бидат промовирани на 13 ноември од 18:30 часот во „Јуроп хаус“ во Скопје. Книгите се дел од проектот „Збор по збор“, чија цел е зачувување и промоција на влашкиот јазик преку нов, креативен пристап во учењето. Книгите ќе се делат бесплатно.

    „Преку овие осум илустрирани книги за деца и аудиосодржина сакаме да започнеме еден нов креативен начин на учење на јазикот. Целта на овој проект е да го зачуваме нашиот влашки јазик, збор по збор“, велат организаторите од здружението „Тихе Тихеон Скопје“.

    Проектот е наменет, пред сè, за најмладите, со цел преку илустрации и аудиосодржини да се поттикне интересот за изучување на влашкиот јазик. Влашкиот, познат и како аромански јазик, припаѓа на романската група јазици и претставува значаен дел од културното и јазичното наследство во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира