Граѓани реагираат дека доцни исплатата на надоместокот за помош и нега од друго лице, познат како туѓа нега. Надоместокот досега најчесто го добивале до шестиот ден во месецот, но овојпат исплатата ќе доцни повеќе од една недела.
Деновиве во банките често можат да се забележат граѓани кои прашуваат дали се исплатени средствата за „туѓа нега“, но од банкарските службеници добиваат негативен одговор.
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштија дека поради откриени неправилности при проверки во системот за социјална заштита, дополнителната исплата на средствата за правата од социјална заштита ќе започне на 16 ноември, со цел да се отстранат утврдените неправилности.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



