НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО УРИВАЊЕТО НА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЊУЈОРК, СЕ УРНАЛА ВРЗ ЈАМА ЗА ТЕМЕЛИ ОД СОСЕДНО ГРАДИЛИШТЕ

    НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО УРИВАЊЕТО НА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЊУЈОРК, СЕ УРНАЛА ВРЗ ЈАМА ЗА ТЕМЕЛИ ОД СОСЕДНО ГРАДИЛИШТЕНајмалку 17 лица, меѓу кои тројца пожарникари, се повредени (Фото: АП)

    Осум луѓе загинаа кога станбена зграда во Бруклин се урна врз соседно градилиште, каде што се одвиваа ископувања, изјави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.

    Најмалку 17 лица, меѓу кои тројца пожарникари, се повредени, додека операциите за спасување продолжуваат. Градската противпожарна служба претходно изјави дека четири лица се во критична состојба, откако се урна трикатна зграда во населбата Флетбуш.

    Зградата се урна додека градежни работници копале на соседна парцела, изјави градски службеник. Причината сè уште е предмет на истрага.

    Медиумите објавија дека најмалку четворица преживеани биле извлечени од урнатините повеќе од два часа по уривањето, меѓу кои и една бремена жена.

    Според официјални лица, првично не се знаело колку луѓе се наоѓале во зградата од 1930-ите во моментот на нејзиното уривање. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира