БИВШ СОВЕТНИК НА НЕКОГАШНИОТ УКРАИНСКИ ПРЕМИЕР АЗАРОВ ТЕШКО РАНЕТ ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО МОСКВА

    БИВШ СОВЕТНИК НА НЕКОГАШНИОТ УКРАИНСКИ ПРЕМИЕР АЗАРОВ ТЕШКО РАНЕТ ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО МОСКВАСергеј Заворотни возел во областа Чертаново кога се случила експлозијата (Фото: Телеграм)

    Поранешен советник на украинскиот проруски премиер Микола Азаров е хоспитализиран во тешка состојба по експлозија на бомба подметната под неговиот џип во јужна Москва. Сергеј Заворотни, 72-годишен новинар, возел во областа Чертаново кога се случила експлозијата.

    Весникот „Комерсант“ објави дека истражителите ја третираат експлозијата како обид за убиство и се сомневаат во можна вмешаност на украинските разузнавачки служби.

    Експлозијата во Москва се случи еден ден откако во бомбашки напад во Санкт Петербург беше убиен полковник на руските воздухопловни сили.

    Заворотни работел за Азаров за време на претседателствувањето на Виктор Јанукович. Тој, како и Азаров, заминал во Русија по Мајданската револуција во 2014, по што продолжил да изразува проруски и антизападни ставови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира