ИТАЛИЈАНСКИ РЕСТОРАН ДАВА ПОПУСТ ЗА ВОСПИТАНИ ДЕЦА

    ИТАЛИЈАНСКИ РЕСТОРАН ДАВА ПОПУСТ ЗА ВОСПИТАНИ ДЕЦАЕдна од сметките со ваков попуст им беше дадена на две семејства со четири деца од четири до шест години, а попустот беше двоцифрен, односно цели 13 евра помалку.

    Антони Ферари, сопственикот на ресторан во Падова, Италија, одлучил да им одзема 5 отсто од вкупната сметка на сите родители на добро воспитани деца, кои доаѓаат во неговиот ресторан.

    „Откако почнавме да работиме и во недела за време на ручек, проблемот со невоспитани деца стануваше сè поголем“, објаснува сопственикот. „Трчаат насекаде, го фрлаат јадењето на земја, им пречат на келнерите додека ја вршат својата работа. Честопати станува многу тешко да се работи во овие услови.“
    За да го реши овој проблем, Ферари почна да дава попуст за децата кои се однесуваат пристојно за времето поминато во ресторанот, под името „Попуст за воспитани деца“.

    Една од сметките со ваков попуст им беше дадена на две семејства со четири деца од четири до шест години, а попустот беше двоцифрен, односно цели 13 евра помалку.
    „Ова што го правам не е само за децата, туку и за тие одлични родители кои знаеле како да си ги воспитаат“, објаснува Ферари.

    Откако јавноста дозна за оваа појава, телефонот на Ферари не престана да ѕвони. На пример, еден новинар од Лондон сакаше да знае како Италијанците реагираат кон немирните деца.

    Во исто време, некои експерти ја сметаат оваа техника на решавање на проблемот со децата во ресторан како доста сомнителен.
    „На крајот на краиштата, одлуката дали детето треба да влезе на ресторан им припаѓа целосно на родителите“, вели Елизабет Боно, автор на бројни книги за манири на маса.
    „Детето кое се однесува на одреден начин во ресторан, прво треба на научи како да се однесува дома, а воспоставувањето на врска помеѓу однесувањето и парите не е решение“ додава Боно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира