ЕУ ПО СТОТИ ПАТ ГО ПОВИКА ИВАНОВ ДА ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ЗА МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА

    ЕУ ПО СТОТИ ПАТ ГО ПОВИКА ИВАНОВ ДА ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ЗА МАНДАТОТ ЗА ВЛАДАПортпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич кажа дека Европската комисија очекува избор на нов претседател на Собранието без одложување.

    Европската комисија очекува Собранието да се деблокира без понатамошно одложување и уште еднаш го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита одлуката да не го додели мандатот за формирање влада на новото парламентарно мнозинство.

    „Постојано говориме дека мора да се почитуваат резултатите од последните парламентарни избори. Сегашната несигурност мора да заврши и влада мора да се воспостави без понатамошно одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои. И високата претставничка Могерини и комесарот  Хан го повикаа претседателот да ја преиспита неговата  позиција. Очекуваме  сите  политички  лидери и институции  да дозволат да продолжи демократскиот процес, а тука се подразбира и изборот на нов претседател на Собрание и би сакале тоа да ги видиме без одложувања“, кажа Маја Коцијанчич, портпаролката на  Европската комисија, на денешната прес-конференција во Брисел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира