ПАДНАА УСЛУГИТЕ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКИ, ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ПОВРЗАН СО САЈБЕРНАПАД

    ПАДНАА УСЛУГИТЕ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКИ, ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ПОВРЗАН СО САЈБЕРНАПАД„Чејс банк“ соопшти дека софтверска грешка во нејзините хардверски системи е можеби причината за проблемот (Фото: АП)

    Илјадници клиенти во големите американски банки, вклучувајќи ги „Џеј-Пи Морган Чејс“, „Велс Фарго“ и „Банк оф Америка“, пријавија проблеми со пристапот до услугите.

    „Чејс банк“, најголемата банкарска институција во САД, соопшти дека софтверска грешка во нејзините хардверски системи е можеби причината за проблемот и додаде дека ова можеби влијаело и на други банки.

    „Проблемот е привремен, а не системски или поврзан со сајбернапад“, кажаа од банката.

    Пристапот до услугите во меѓувреме почнал да се подобрува.

    Ова уследи по низа неповрзани технички проблеми, вклучувајќи масивен прекин на „Мајкрософт“, дефект на мрежата што го запре целиот авиосообраќај во САД и широк прекин на системот во „Јунајтед ерлајнс“.

    Проблемите започнаа вчера попладне. Според веб-страницата „Даундетектор“, биле пријавени речиси 5.000 проблеми со услугите на „Чејс банк“. „Си-Би-Ес њуз“ објави дека клиентите пријавиле потешкотии при пристапувањето до своите онлајн сметки, прегледувањето на состојбата на сметките и вршењето трансакции. Точната природа на проблемот беше нејасна.

    Паралелно со проблемот со банкарските услуги, авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ потврди „голем прекин во системот“, опишувајќи го како „технички проблем што влијае врз летовите што поаѓаат“. Проблемот бил решен во рок од неколку часа. Авиокомпанијата со седиште во Чикаго не наведе што би можело да биде причина за проблемот, но нагласи дека не е поврзан со сајбербезбедноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира