Два воза се судрија во близина на главната железничка станица во Прага, при што се повредени 46 лица, од кои четворица се здобиле со повреди опасни по живот.
Портпаролот на прашките служби за итни случаи Карел Кирс претходно изјави дека неколку патници се здобиле со сериозни повреди, а некои се соочуваат со компликации опасни по живот. Сите патници од двата воза се евакуирани.
Министерот за транспорт Иван Беднарик го опиша судирот како „многу сериозен инцидент“, велејќи дека грижата за повредените е непосреден приоритет. Причините и околностите на судирот се истражуваат.
Железничкиот сообраќај на засегнатата линија беше во прекин неколку часа.


