ТРАМП, ПУТИН И ШЈИ ВЕЛАТ ДЕКА Е ПОЧНАТ ДИЈАЛОГ ЗА НЕШИРЕЊЕ НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, УКРАИНА И ИРАН НЕ СЕ СПОМНАТИ ВО ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА

    ТРАМП, ПУТИН И ШЈИ ВЕЛАТ ДЕКА Е ПОЧНАТ ДИЈАЛОГ ЗА НЕШИРЕЊЕ НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, УКРАИНА И ИРАН НЕ СЕ СПОМНАТИ ВО ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВАПрвата средба на лидерите на трите светски велесили досега траеше околу еден час и 20 минути (Фото: АП)

    Кина, Русија и САД се согласиле за реформи на Обединетите нации, зголемување на снабдувањето со гориво и за почнување дијалог за намалување на нуклеарните ризици на тристраниот состанок во кинескиот град Шенжен, според руските претставници и кинеските државни медиуми.

    Во заедничката декларација не се споменуваат војните во Украина и Иран, две прашања за кои Доналд Трамп рече дека ги покренал на своите разговори со Владимир Путин и Шји Џинпинг претходно денеска.

    Ова беше прва средба на лидерите на трите светски велесили досега и траеше околу еден час и 20 минути.

    Во врска со нуклеарното прашање, тројцата лидери се согласиле дека „нуклеарната војна не може да се добие и никогаш не смее да се води“ и дека е во тек дијалогот за спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

    „Нуклеарното оружје треба да биде сеопфатно забрането и целосно уништено“, рекол Шји.

    Тој ја опиша средбата со Путин и Трамп како позитивна, конструктивна и многу продуктивна и ја нагласи важноста на „негувањето на тешко стекнатиот мир“.

    Путин изјави дека средбата е важно поглавје во историјата на дипломатијата и додаде дека постигнале, ако не договори, тогаш барем меѓусебно разбирање за бројни клучни прашања.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и главниот советник на Путин за надворешна политика Јури Ушаков кажаа дека атмосферата на состанокот била добра, а портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Украина не била главна тема на разговорите. Путин притоа ги обвини Киев и Европа дека не биле спремни за компромиси за да се реши војната.

    Лидерите разговарале за енергетската безбедност и за планот за зголемување на производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи и се согласиле дека Меѓународниот кривичен суд и другите слични институции не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира