Татко од Битола пријавил во полиција дека повозрасно лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка. Од СВР Битола соопштија дека пријавата ја добиле на 19 ноември во 00:30 часот.
Соседи кажуваат дека девојчето со другите сестри и со мајката живеат по кирија во Битола. Мајката и пред некој ден бранејќи ги девојчињата излегла со стап на улица за да избрка машко лице кое ги вознемирувало.
Од полиција велат дека работат на пронаоѓање на лицето и расчистување на настанот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



