„СПЕЈСЕКС“ ЌЕ ЛАНСИРА МИЛИОН САТЕЛИТИ ЗА ДА СЕ СОЗДАДАТ ДАТА ЦЕНТРИ ВО ВСЕЛЕНАТА

„СПЕЈСЕКС“ ЌЕ ЛАНСИРА МИЛИОН САТЕЛИТИ ЗА ДА СЕ СОЗДАДАТ ДАТА ЦЕНТРИ ВО ВСЕЛЕНАТАРаспоредувањето на сателитите мора да започне најдоцна до ноември 2033 (Фото: Гети)

Американските регулатори ѝ дозволија на компанијата „СпејсЕкс“ на Илон Маск да лансира милион сателити во орбитата околу Земјата, со цел да помогне во изградбата на вселенски центри за податоци, што претставува прво одобрение од ваков вид. Компанијата планира да ја користи сончевата светлина за напојување на сателитите, кои ќе обработуваат податоци за потребите на вештачката интелигенција, а потоа ќе ги испраќаат резултатите назад на Земјата.

Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ) соопшти дека проектот, познат како „Стармајнд“, ќе даде „поддршка за американската економија на суперинтелигенција, која бележи голем подем“.

„СпејсЕкс“ смета дека орбиталните дата центри се најекономичниот и енергетски најефикасен начин на задоволување на растечката побарувачка за компјутерска моќ за вештачка интелигенција.

Според лиценцата на ФЦЦ, распоредувањето на сателитите мора да започне најдоцна до ноември 2033. Компанијата веќе изјави дека сака да го лансира својот прв сателит од проектот следната година.

Како и моменталната мрежа „Старлинк“, која обезбедува интернет со голема брзина преку повеќе од 10.000 сателити, сателитите на „Стармајнд“ ќе функционираат во ниска орбита околу Земјата, на височини што се движат меѓу 500 и 2.000 километри.

Сè пошироката употреба на компјутерски системи засновани на вештачка интелигенција доведе до огромен пораст на количината на податоци што треба да се складираат и обработуваат ширум светот. Нови објекти се градат, но станува сè потешко да се најдат локации за нив. Центрите за податоци се големи, трошат огромни количества електрична енергија и вода за ладење, а локалното население сè почесто не сака тие да се градат во нивна близина.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира