Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд соопшти дека еден од играчите е повреден по експлозија близу клупскиот автобус на патот до стадионот „Вестфален“, каде вечерва треба да се сретнат со Монако во Лигата на шампиони. Клубот преку Твитер побара од присутните на стадионот да останат мирни додека се истражува инцидентот, додавајќи дека надлежните се излезени на терен.
Германската полиција потврди дека имало експлозија пред натпреварот во Дортмунд и дека има еден повреден. Германскиот весник „Билд“ објави дека повредениот е шпанскиот играч Марк Бартра, кој е пренесен во болница, но повредите не се сериозни.
Натпреварот е одложен за утре во 18.45 часот.