ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА, САМО ДВЕ ОД БАРАЊАТА ЦЕЛОСНО СЕ ИСПОЛНЕТИ

    ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА, САМО ДВЕ ОД БАРАЊАТА ЦЕЛОСНО СЕ ИСПОЛНЕТИЗборно место на демонстрантите беше старото седиште на СЈО, секој ден во 18 часот. - од протестот на Шарената револуција на 1 јуни минатата година. (Фото: СДК.МК)

    Шарената револуција почна како реакција на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболицира 56 политичари и нивни соработници на 12 април минатата година. Неколку часа откако Иванов ја соопшти одлуката, на улиците излегоа демонстранти и ја нападнаа канцеларијата на претседателот во центарот на Скопје. Потоа се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но полицијата не им дозволи да се приближат кон плоштадот ВМРО, па протестот заврши пред Владата.

    Од следниот ден, зборно место беше старото седиште на Специјалното јавно обвинителство. Шарената револуција потоа истакна неколку барања, од кои само две беа целосно исполнети, вклучувајќи го главното барање – целосно повлекување на аболицијата.
    Последниот протест на Шарената револуција беше на 26 септември минатата година.

    БАРАЊАТА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    – Целосно поништување на одлуката на Ѓорге Иванов за аболицијата на 56 лица – целосно исполнето
    – Неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател – неисполнето
    – Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство – неисполнето
    – Оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада – делумно исполнето
    – Формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО – неисполнето
    – Вклучување на граѓанските организации во преговорите – неисполнето
    – Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија – делумно исполнето
    – Ослободување на притворените демонстранти кои учестуваа на протестите на Шарената револуција – целосно исполнето

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира