Британскиот амбасадор Чарлс Гарет ги оквалификува актуелните случувања во парламентот како противуслуга за развојот на демократијата во Македонија. Гарет, кој зборуваше на презентацијата на извештајот на граѓанската асоцијација „Мост“ од мониторингот на работата на Собранието, вели и дека сегашните случувања во парламентот го поткопуваат кредибилитетот на институцијата во земјата, но и надвор.
„Парламентот е јадрото на демократијата во Макеоднија. Сегашните случувања во парламентот прават противуслуга за развојот на демократијата. Тие го поткопуваат кредибилитетот на институцијата во Македонија и надвор. Демократијата не доаѓа брзо. Ниту пак патувањето има крај. Демократиите треба постојано да бараат начини како да се закајнат“, кажа британскиот амбасадор.
Во Собранието, во тек е 12. продолжение на маратонската конститутивна седница.