Едно лице е уапсено од германската полиција за членство во Исламска држава, но не се откриени никакви врски со нападот на автобусот на фудбалскиот тим Борусија Дортмунд во вторникот, изјавија од канцеларијата на федералниот обвинител.
Осомничениот бил приведен вчера по истрагата за серијата експлозии кои детонираа додека автобусот на фудбалскиот тим беше на пат кон стадионот за натпреварот против Монако во Лигата на шампиони, повредувајќи две лица.
Нападот во вторникот е оквалификуван како тероризам. Една белешка пронајдена на местото на нападот укажува дека тој бил поврзан со исламистите.
„Истрагата досега не покажа индиции дека осомничениот бил вклучен во нападот“, се вели во соопштение за медиумите.
Тој наводно станал член на Исламската држава во Ирак во 2014 година и ги одржал контактите со групата и по доаѓањето во Германија во 2016 година.