Специјалното обвинителство истражува увоз на оружје и опрема за потребите на полицијата и војската, објави вечерва ТВ Телма во емисијата „Код“.
Според телевизијата, таа зделка одела преку една македонска фирма, но специјалните обвинители имале потешкотии да добијат информации за случајот од УЈП и од царината.
Сомнежите се дека при набавката на тоа оружје и опрема е наплатена провизија односно СЈО се сомнева на корупција. Имало сомнежи и дека тоа оружје всушност само минало низ Македонија, било увезено, оцаринето, оданочено и веднаш продадено и препратено во друга земја.
Од специјалното обвинителство за „Код“ рекле дека не може да даваат информации за предистражна постапка.