НЕМА НАЈАВА ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАЖА АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО БИЛТ

    НЕМА НАЈАВА ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, КАЖА АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО БИЛТЛидерот на ДУИ порача дека решението за кризата е кај македонските политички партии. (архивска фотографија)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека нема најава за одржување лидерска средба по денешната средба со копретседавачот на Европскиот совет за надворешни работи и поранешен шведски премиер Карл Билт. Ахмети додаде дека решението за кризата е кај македонските политички партии.

    „Собранието деновиве не работеше поради празниците. ДУИ, како партија, досега направи сè и вложи многу напори за да се формира парламентарното мнозинство, но сега решението за излез од оваа ситуација и за продолжување на понатамошниот процес е кај големите македонски политички партии“, рече Ахмети.
    Билт, кој пред доаѓањето во Скопје најави дека по средбите со македонските политички лидери ќе се обиде да формулира препораки за излез од кризата, кажа дека е тука да ги сослуша партиите и дека решението е во Уставот.

    „Денеска, како што знаете, остварувам средба со политичките партии во Македонија. Тие се тие што треба да го најдат патот за решение. Пораката е таа што ја напишав на Твитер Устав, демократија и Европа“, рече Билт.

    Прашан како го коментира тоа што нема да се види со Иванов, тој одговори: „Уште подобро, затоа што и така и така немам време денеска“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира