Познатиот словенечки режисер Томаж Пандур почина претпладнево за време на проба во Македонскиот народен театар. Тој во Скопје требаше да ја режира претставата “Крал Лир” од Шекспир.
ТВ Телма јави дека доживеал срцев удар. Пандур имаше 53 години.
Режисерот беше познат по провокативни и богати претстави. Од 33 години живее во Мадрид, но работеше низ цела Европа.