Златан Ибрахимовиќ е сигурен дека неговата богата кариера нема да заврши со сериозната повреда на колентото, иако му ја скрати првата првата сезона во дресот на Манчестер Јујнајтед. Англискиот клуб соопшти дека шведскиот фудбалер претрпел сериозно оштетување на лигаментите на коленото за време на четвртфиналниот натпревар во Лига Европа против Андерлехт минатата недела. Јунајтед сè уште нема излезено со проценка за неговото закрепнување.
Откако минатото лето му се приклуи на Јунајтед од ПСЖ, 35-годишникот беше еден од најдобрите играчи на „Олд Трафорд“ и постигна 28 гола во сите натпреварувања во неговата прва сезона во Англија. Но, неговиот едногодишен договор со Јунајтед истекува на крајот од сезоната и сега е неизвесно дали ќе му биде продолжен договорот со 20-кратниот англиски шампион.
Сепак, Ибрахимовиќ вели дека ќе се врати посилен.
„Не е вест дека се повредив, па нема да играм фудбал некое време. Ќе поминам низ ова како и низ сè друго и ќе се вратам уште посилен. Досега, играв со една нога, па тоа не би требало да биде проблем. Една работа е сигурна, јас ќе решам кога ќе престанам да играм и ништо друго. Откажувањето не е опција. Се гледаме наскоро“, напиша Ибрахимовиќ на Инстаграм.