СУДСКО РОЧИШТЕ ЗА „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“ ИМА ЗАКАЖАНО, НО НЕ Е ПОВРЗАНО СО СПОГОДБАТА ВО ЊУЈОРШКИОТ СУД

    СУДСКО РОЧИШТЕ ЗА „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“ ИМА ЗАКАЖАНО, НО НЕ Е ПОВРЗАНО СО СПОГОДБАТА ВО ЊУЈОРШКИОТ СУДВо Основниот суд Скопје 1 се води предмет против поранешниот директор на Македонски Телеком Атила Сендреј за проневера уште од 2011 година. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд Скопје 1 на 23 мај ќе се одржи рочиште за предметот против поранешниот директор на Македонски Телеком Атила Сендреј и други две лица за проневера, но овој случај нема врска со спогодбата на Дојче Телеком и поранешните директори на Маѓар Телеком Елек Штрауб и Андраш Балог со американската Комисија за хартии од вредност и берза за поткуп на македонски политичари. Спогодбата треба наскоро да биде потврдена од Њујоршкиот суд, каде се одвива случајот. Дојче Телеком е мнозински сопственик во Маѓар Телеком и Македонски Телеком.

    ДИРЕКТОРИТЕ НА ТЕЛЕКОМ СЕ НАГОДИЈА ВО САД ДА СИ ПЛАТАТ КАЗНИ ЗА ПОДМИТУВАЊЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ

    Од Основниот суд Скопје 1 велат дека првото рочиште за случајот против Унгарецот Атила Сендреј било закажано за 26 октомври 2011 година и тогаш случајот го водел судијата Седат Реџепагиќ. Од 2015 година, случајот го презел судијата Александар Милошески, за следната година тој да дојде во рацете на судијката Ленче Давиткова.

    Годинава, биле закажани вкупно 7 рочишта, од кои 5 биле одржани, а две се одложиле по барање на странките вклучувајќи го и последното од 20 април. Според Основниот суд Скопје 1, судењата биле закажувани со ова темпо, по две до три во текот на годината, со оглед на тоа што судот барал со замолница преку Министерството за правда, по дипломатски пат, на обвинетите да им се достават обвинителен акт и покана за расправа, преведени на нивниот јазик, во матичната земја на адресите што се дел од списите на предметот, истовремено што за реализирање на меѓународна замолница се потребни 6 месеци, а тој процес воопшто и не е во надлежност на судот. Предметот е во фаза на доказна постапка, односно сослушување на сведоци при што досега сослушани се сведоци предложени од обвинителството и еден сведок предложен од одбраната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира