СЕЛА НЕ Е РЕЛЕВАНТЕН ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ, ОДГОВОРИ МИЛОШОСКИ НА ПРЕДЛОГОТ ПРЕД ИЗБОРИ ОСТАВКА ДА СИ ДАДЕ ИВАНОВ

    СЕЛА НЕ Е РЕЛЕВАНТЕН ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ, ОДГОВОРИ МИЛОШОСКИ НА ПРЕДЛОГОТ ПРЕД ИЗБОРИ ОСТАВКА ДА СИ ДАДЕ ИВАНОВЧовекот што го негира македонскиот идентитет не заслужува да се смета за релевантен политички субјект - Зијадин Села и Антонијо Милошоски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски одбегна дирекно да одговори дали за партијата е прифатлив предлогот на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села да се оди на избори, ама претходно Ѓорге Иванов да даде даде оставка, да се продолжи мандатот на СЈО и да се формира специјален суд.

    Милошоски рече дека  за Специјалното јавно обвинителство остануваат на договореното со другите партии, СДСМ, ДУИ  и ДПА,  а предлогот на Села пред да се оди на избори, Иванов да ди даде оставка, ВМРО-ДПМНЕ не го коментира бидејќи доаѓа од човек кој го негира македонскиот идентитет.

    „Човекот што го негира македонскиот идентитет и што Македонците во својата општина сака да ги прогласи за технолошки вишок за да ги вработи своите подржувачи,  не заслужува да се смета за релевантен политички субјект  што  може да даде релевантен предлог“, рече Милошоски.

    ВМРО-ДПМНЕ во Општина Струга во локалниот совет е во коалиција со Движењето за реформи на ДПА чии лидер е токму Зијадин Села.

    Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и пратеникот Павле Богоевски вчера им дадоа предлог на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се оди на предвремени избори, ако претходно претседателот Ѓорге Иванов даде оставка, се продолжи мандатот на СЈО и се формира специјален суд.

    Г. Трпеноски

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира