БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР БАРА ЦЕЛОСНА ИСТРАГА НА СОМНЕЖИТЕ ОД ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР БАРА ЦЕЛОСНА ИСТРАГА НА СОМНЕЖИТЕ ОД ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ

    И британскиот амбасадор Чарлс Гарет, исто како и Амбасадата на САД побара појаснување околу изјавата на претседателот Иванов за аболицијата.

    „Ако одлуката е да се аболираат политичарите се однесува на истрагите околу сомненијата содржани во прислушуваните разговори, тогаш тоа е предмет на сериозна загриженост. Целосната истрага на овие сомненија, и соодветен законски процес, се клучни елементи на договорот од Пржино. Како такви тие се централни на секое трајно решение на актуелната политичка криза“, стои во изјавата на британскиот амбасадор која пред малку ја сподели на неговите Фејсбук и Твитер профили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира