ГРУЕВСКИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК ПОРАЧА ДЕКА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА НАСИЛСТВО

    ГРУЕВСКИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК ПОРАЧА ДЕКА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА НАСИЛСТВОНикола Груевски попладнево не беше во Собранието и се обрати преку Фејсбук. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред малку се обрати на Фејсбук и кажа дека насилството не е решение откако демонстрантите од „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието и физички ги нападнаа новинарите и пратениците на СДСМ, вклучувајќи го и лидерот Зоран Заев, кој е со раскрвавена глава.

    Груевски, кој не беше во Собранието попладнево, повика на смирување на смирување на страстите и вели дека неговата партија ќе се спротивстави на, како што вели тој, антидржавни постапки на СДСМ преку правни и политички демократски средства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира