СПЕЦИЈАЛЦИ СО ДИМНИ БОМБИ ГИ ИЗВАДИЈА ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ И ТАЛАТ ОД ПРЕС-ЦЕНТАРОТ НА СОБРАНИЕТО

    СПЕЦИЈАЛЦИ СО ДИМНИ БОМБИ ГИ ИЗВАДИЈА ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ И ТАЛАТ ОД ПРЕС-ЦЕНТАРОТ НА СОБРАНИЕТОСпециијалци пред прес-центарот, кадешто беа заглавени пратениците од мнозинството и новинарите. (Фото: СДК.МК)

    Полициски специјалци ги извлекоа пратениците на СДСМ и новиот претседател на Собранието Талат Џафери, кои беа заглавени во прес-центарот, откако демонстранти на „За заедничка Македонија“ влегоа во зградата на парламентот.

    Во и околу прес-центарот има димна завеса и судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои претходно физички ги нападнаа пратениците на СДСМ и новинарите. Повредени се пратениците Зоран Заев, Зијадин Села и Дамјан Манчевски, а двајца новинари се повредени со удар по глава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира