Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го осуди вчерашниот напад на Собранието и призна дека дел од структурите на неговото министерство не си ја завршиле работата и најави дека ќе понесат одговорност.
На прес-конференција пред малку, Нухиу кажа и дека со оперативниот штаб кој ја водел операцијата во Собранието раководел началникот на БЈБ Митко Чавков. Министерот вели дека Чавков воопшто не бил достапен за него од почетокот на нападот до 20 часот.