САД ГО ПОТВРДИ ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ И БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ

    САД ГО ПОТВРДИ ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ И БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ НА ПАРЛАМЕНТОТСАД ги повикува македонските власти да ја осигураат безбедноста на сите пратеници, темелно да го истражат нападот и да ги повикаат на одговорност оние што го извршија насилниот чин - изјава на Стејт департментот

    Соединетите Американски Држави ќе работат со новиот спикер на Парламентот Талат Џафери и повикаа темелно да се истражи нападот врз пратениците во Собранието и да се бара одговорност од насилниците.

    Марк Тонер, заменик на портпаролот на Стејт депарментот изјави дека „САД најостро го осудува насилните напади на пратениците во македонскиот парламент, кои следеа веднаш по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Ние ќе работиме со новиот претседател на Собранието да ја поддржиме демократијата и да помогнеме на Македонија да продолжи на европскиот пат“.

    Повторувајќи дека за насилство нема место во демократскиот процес Стејт департментот изрази најдлабоко сочувство за пратениците што се повредени во нападите и за нивните семејства.

    „САД ги повикува македонските власти да ја осигураат безбедноста на сите пратеници, темелно да го истражат нападот и да ги повикаат на одговорност оние што го извршија насилниот чин“, изјави Тонер.

    „Ги повикуваме сите страни да останат смирени, да ги разрешат разликите по мирен пат и да ги почитуваат законите и демократските процеси во Македонија“, изјави Марк Тонер, заменик на портпаролот на Стејт депарментот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира