Претседатателот на Собранието Талат Џафери утринава влезе во својот кабинет во парламентот и првата работна средба ја има со ЕУ амбасадорот во Скопје Самуел Жбогар, потврдија пратениците од парламентарното мнозинство Павле Богоевски и Мухамед Зекири. Телевизијата „ТВ21“ објави видео од настанот.
Пред да се слика на новото работно место Џафери на работната маса ги поставил македонското, албанското и знаменцето на ЕУ.
Неофицијално дознаваме дека процедурата за преземање на спикерското место си оди како што треба. Печатите не се кај поранешниот претседател Трајко Вељаноски, туку кај стручните служби.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заедно со поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски вчера беа на состанок во претседателскиот кабинет баш кога во него требаше да влезе новиот собраниски спикер Талат Џафери. Зошто состанокот се одржа во кабинетот на Џафери, никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да даде изјава.