САМОДЕЛСКАТА БОМБА ВО СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕЛА ДА УБИЕ, ТУКУ САМО ДА НАПРАВИ ПАНИКА, ВЕЛАТ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО

САМОДЕЛСКАТА БОМБА ВО СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕЛА ДА УБИЕ, ТУКУ САМО ДА НАПРАВИ ПАНИКА, ВЕЛАТ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТОВо ходникот на први кат после 4 дена од организираниот напад на Собранието е пронајдена импровизирана експлозивна направа-петарда со фитил кој бил со селотејп врзан за плинска боца за полнење на упаљачи.-(Фото:принтскрин од АлсатМ)

Самоделската експлозивна направа која беше пронајдена во вторникот во еден од ходниците во Собранието не била поставена на 27 април, туку неколку дена после организираниот напад на Собранието, велат извори од Собранието.

“Зошто е ставена неколку дена после упадот во Собранието? Изгледа некој сака да предизвика страв и паника кај вработените, а ако се сака може лесно да се открие кој ја ставил, има камери“, изјавија вработени за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Дел од вработените со кои разговаравме рекоа дека биле изненадени дека собраниското обезбедување пронашло импровизирана направа, бидејќи  веднаш после нападот на Собранието  на 27 април, никој од вработените не приметил дека имало било што сомнително во ходниците.

Направата била пронајдена во делот на претседателскиот кабинет на спикерот. Извори од собраниското обезбедување ни изјавија дека таа не била опасна по живот, но можела да предизвика паника и изгореници на тие што би се нашле во близина ако експлодирала. Истите извори велат дека собраниските камери работеле и дека ако се сака може да се види кој ја поставил направата.

Од МВР изјавија дека станува збор за петарда со фитил залепен за плинска боца за полнење запалки.

Г. ТРПЕНОСКИ

 

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира